Во Македонија има околу 400.000 дивоградби

Bez autora
Mar 14 2011

Во Македонија има околу 310.000 бесправно изградени објекти, но се очекува бројот на објектите за кои е наменета оваа законска поволност да стигне до 400.000. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за време на викендот одржа две од најавените триесетина презентации на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, и тоа во Битола и во Прилеп. Во Битола, според општинската администрација, има околу 3.000 бесправно изградени објекти, додека во Прилеп околу 5.000 дивоградби. Трибините имаат цел да го доближат Законот до граѓаните, да се запознаат со новините и да пристапат кон побрзо поднесување на потребната документација за легализирање на своите објекти. Според Законот за постапување со бесправно изградени објекти, граѓаните треба најдоцна до 3 септември да поднесат барање за легализација во кое се вклучени четири неопходни документи, меѓу кои и геодетски елаборат со премер на земјиштето каде што е изграден објектот и внатрешен премер неопходен за упис во катастарот.

Во Македонија има околу 400.000 дивоградбиВо Македонија има околу 310.000 бесправно изградени објекти, но се очекува бројот на објектите за кои е наменета оваа законска поволност да стигне до 400.000.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за време на викендот одржа две од најавените триесетина презентации на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, и тоа во Битола и во Прилеп. Во Битола, според општинската администрација, има околу 3.000 бесправно изградени објекти, додека во Прилеп околу 5.000 дивоградби.

„Трибините имаат цел да го доближат Законот до граѓаните, да се запознаат со новините и да пристапат кон побрзо поднесување на потребната документација за легализирање на своите објекти“, посочи министерот Јанакиески.

Според Законот за постапување со бесправно изградени објекти, граѓаните треба најдоцна до 3 септември да поднесат барање за легализација во кое се вклучени четири неопходни документи, меѓу кои и геодетски елаборат со премер на земјиштето каде што е изграден објектот и внатрешен премер неопходен за упис во катастарот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik